Search

Германецот Алтмајер приреди сензација и го елиминира Синер

Германецот Даниел Алтмајер приреди сензација на годинашното издание на Ролан Гарос, откако го елиминира осмиот носител Јаник Синер во пет сета, со 6:7, 7:6, 1:6, 7:6. 7:5 во неверојатен меч кој траеше речиси пет и пол часа.

Алтмајер, кој е на 79. место на светската ранг-листа, се пласираше во третото коло на турнирот, каде ќе се соочи со Григор Димитров, кој претходно денеска го совлада Емил Русувуори со 7:6, 6:3, 6:4.

Кај дамите, Ига Швјонтек супериорно мина уште една пречка. Таа беше подобра од американската тенисерка Клер Лиу со 2:0 во сетови (6:4, 6:0).

Треба да знаете
Последни објави