Search

Соопштение на Бигорски манастир по повод големиот празник на Светата Педесетница

 По повод големиот празник на Светата Педесетница, по Бигорски манастир ќе има бдение, богосужби, литургија, на кои со благослов на епископот Антаниски г. Партениј може да присуствуваат сите верници кои посакуваат за овој празник да бидат во ова наше познато древно светилиште.

-Во сабота, 3 јуни  во 20 часот ќе се одржи бдение со повечерие, вечерна, утрена и прв час, додека во недела  во 7:30 часот  трети и шести час, Архијерејска Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, заедно со архимандритите и јеромонасите од нашата света Обител а во 10 часот Трпеза, стои во соопштението на Свештената бигорска Обител.

Се додава дека веднаш после трпезата ќе биде одржана  Вечерна богослужба со молитвите за призив на Светиот Дух.

По традиција, се очекува, во деновите на овој голем празник во Бигорски манастир да престројуваат голем број верници од сите делови на државава.

Треба да знаете
Последни објави