Search

Прегазена 70-годишна жена на улица во Гостивар

Седумдесетгодишна гостиварка е прегазена од автомобил на улицата Беличица во Гостивар.

„Патничко моторно возило „сеат“, со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал 66-годишниот А. Ш., удрило во 70-годишната гостиварка Л. И. (пешак)“, велат од СВР Тетово.

Во несреќата жената добила тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа Болница „Ферид Мурад“.

Извршен бил увид.

Треба да знаете
Последни објави