Search

Милевски: Ако праќав покани само на тие што играат ќе немаме доволно играчи!

Македонија во кавлифиациите за Европското фудбалско првенство 2024 ја очекуваат два дуели во групата со Украина во Скопје на 16 јуни и Англија на гости на 19 јуни. Селектор Благоја Милевски неможе да смета на услугите на напаѓачите Бојан Миовски и Дарко Чурлинов поради здравствени причини. Но, тоа не е единствената главоболка за Милевски, бидејќи поголемиот дел од репрезентативците не се во натпреаврувачки ритам. Висар Муслиу беше повеќе од еден месец повреден, сега почна да игра, Никола Серафимов исто така беше повреден, Езџјан Алиоски игра-не игра, Енис Барди нема голема минутажа веќе цела сезона.

-Останавме без две опции за напад, ама не кукаме и ќе пробаме да извлечеме максимум со тие што ги имаме. Тие што се здрави, се најдобрите во моментот. Да зборуваме за натпреварувачката форма е неблагодарно во овој момент. Јас ги погазувам принципите кои ги воведов, дека ќе бидат повикани тие што играат и се во најдобра форма. Во моментов ако се водам по тоа правило, тогаш 70 отсто од играчите не би биле викнати, па ќе нема доволно играчи. Немаме голем избор на фудбалери кои се на едно високо ниво. И затоа, што е тука е, не се жалиме, скоро две години само еднаш сме биле комплетни и тоа со Португалија. Јас само се надевам дека ќе бидат сите здрави и способни да се стават во функција на тимот, го образложи својот избор селекторот Милевски

Во поширокиот избор со 28 кандидати има само еден дебитант Сефер Емини од дански Сондерјиске.

Треба да знаете
Последни објави