Родителите од градинката „Детска радост“: Директорката трошела државни пари за луксузен мебел, најавуваме отпор

Родителите на децата во градинката „Детска радост“ најавуваат отпор против директорката Анета Петровска која беше разрешена од градоначаникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, а потоа вратена назад од министерката за за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Родителите формирале иницијативен одбор од пет преставници кои во следниот период ќе говорат во името на сите незадоволни родители, а велат дека од понеделник официјално ќе започнат со активности за искажување на незадоволството од повторното именување на директорката.

До медиумите доставија документи, за кои велат дека докажуваат оти Петровска трошела пари на луксузен мебел, угостителски услуги и вон работното време, службеното возило на градинката се користело за приватни цели, а според документите, со пари од градинката се вршела и секојдневна набавка на производи кои не се за децата, туку за менаџментот.

Велат дека наспроти тоа, како родители на децата кои се згрижуваат во градинката Детска радост секојдневно се должни со носењето на нашите деца да носат и средства за хигиена (течен сапун), влажни марамици, пластички чаши и слично.

Ги повикаа сите граѓани да им се приклучат на нивниот отпор.

Директорката демантираше дека користела државни ресурси за приватни цели.

Треба да знаете
Последни објави