Search

Фон дер Лaјен: Уставните измени се во корист на Северна Македонија и регионот, ЕУ дава поддршка

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен, во Братислава, каде што учествуваат на глобалниот безбедносен форум на „Глобсек 2023“.

На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Ковачевски ја потенцира заложбата на Владата за исполнување на реформите во клучните поглавја од пристапниот процес во ЕУ. Притоа Ковачевски се заблагодари за поддршката од Европската комисија и партнерскиот однос во секоја фаза од процесот.

Ковачевски доби уверување од Фон дер Лајен дека ЕУ останува да биде пријател и партнер на Северна Македонија и дава силна поддршка на постигнувањето политички консензус за уставните измени во корист на земјата и регионот.

Во таа насока беше изразено очекување дека сите политички фактори во земјата ќе ја препознаат важноста на моментот за иднината на земјата и ќе дејствуваат во корист на европската интеграција на Северна Македонија.

Двајцата соговорници ги потврдија посветеноста и ангажманот на Европската Унија за интеграција на земјите од Западен Балкан истакнувајќи дека со тоа позитивно се влијае врз политичките процеси и реформската агенда, стабилноста, безбедноста и економскиот просперитет на нашите општества.

Треба да знаете
Последни објави