Search

Петмина повредени во истумбано „рено“ кај Групчин

Пет лица се повредени во несреќата кај тетовски Групчин, велат од МВР за „Макфакс“.

Според информациите од терен, две лица имаат и тешки повреди.

Првичните информации укажуваат дека автомобилот „рено“ се превртел откако излетал од патот. Засега нема информации за второ возило кое учествувало во несреќата.

„Станува збор за патничко моторно возило “Рено 19” со скопски регистарски ознаки што го управувала З.М.(20) од скопско Морани. Повредите се констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата, во координација со јавен обвинител, увид врши екипа од СВР Тетово“, велат од МВР за „Макфакс“.

На терен и натаму има полициски службеници.

Треба да знаете
Последни објави