Search

Мисајловски: Политиките на власта постојано им се удираат во ѕид, уставни измени нема да има, повикувам на обединување и избори 

Во „Тема на денот” во дневникот на ТВ Сител гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој што истакна дека Македонија е на ова дереџе поради штетните политики и договори на власта, и според него уставни измени нема да се случат а политиките на власта  постојано им се удираат во ѕид и затоа повика на обединување и  избори.

„Ние на една страна сме, тоа е страната на македонскиот народ , на сите граѓани, нема друга страна. Македонскиот народ треба да каже на каде ќе се движи Македонија. Сите оние што и мислат добро на Македонија да се обединиме заедно – посочи Мисајловски и истакна дека не треба да се понижува Македонија со политичари како Ковачевски, Груби, Пендаровски.

-Не смееме да го заборавиме тоа бидејќи на ова дереџе е Македонија поради такви политичари и такви штетни договори. Затоа за секој еден што сака да ја види Македонија исправена а не наведната со наведната кичма да ни се приклучи дополни Мисајловски.

Мисајловски додаде и дека се чувствува енергијата што ја бараат граѓаните а граѓаните бараат избори и реформи.

„Се чувствува енергијата што ја бараат граѓаните, а граѓаните бараат избори бараат бидејќи доста им е од сето ова, затоа еве ги повикуваме сите. Почнуваме со еден огромен процес и на правење програма а тоа и во следните денови ќе го најавиме. Македонија е заглавена моментално во секој еден сектор, потребни се реформи во секое поле. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија затоа и веќе го почнавме тоа на терен и за брзо ќе има и техничка влада и избори” ,истакна Мисајловски.

Потпретседателот Мисајловски кажа и дека нема да се случат уставни измени, а овие политики на власта постојано им се удираат во ѕид и затоа бараат избори.

„Тие секој еден ден кажуваат “уставни измени”, дека “сега е времето”,  но што ако не успеат тие измени? Еве ние знаеме дека нема да успеат, но дали ќе понесат одговорност? Ако отпорот од граѓаните е преку 70 % против, каде што 80 % од македонскиот народ е против она што ни се случува и сега овие политичари сакаат да одат во спротивност од волјата од граѓаните, затоа изборите се најдобро решение. Нема да се случат уставни измени, овие политики постојано им се удираат во ѕид затоа ние бараме избори” , заклучи Мисајловски.

Треба да знаете
Последни објави