Search

Макрон од Братислава побара проширувањето на ЕУ да се случи што е можно побрзо

Од денешниот ГЛОБСЕК во Братислава за земјите од Западен Балкан е испратена уште една новина во контекст на проширувањето. Францускиот претседател, Емануел Макрон, побара проширувањето на Европската Унија (ЕУ) да се случи што е можно побрзо. Според него ЕУ мора да ги избегне грешки во поглед на проширувањето кои би влијаеле на нејзината безбендост.

-Првата грешка би била да се остане на статусот кво, да му се даде надеж на Западниот Балкан на пример, Молдавија и т.н. и да се игра на факторот време. Верувам дека тоа би била огромна грешка. Сметам дека то би им дало простор на оние кои би сакале да ја дестабилизираат Европа. Би се разбудиле едно утро и ситуацијата би била многу подраматична, рече Макрон.

Макрон сепак смета дека не треба да биде проширување колку само да има проширување. Тоа би било втора грешка, која би ја ослабнало ЕУ. Тој напомена дека треба да се обрне внимание на спецификите на новите земји-членки кои ќе станат партнери во сите чувствителни области на ЕУ, а поради тоа ќе има нови и нови услови во различни области.

И покрај новиот пристап кон проширување Макрон потсети дека ЕУ никогаш не била направена за бесконечно проширување во географски рамки. Таа според него треба да се прошири, но истовремено и треба реформа на нејзиното менаџирање, различни формати на дебати и да се знае кој е точно одговорен за што, а земјите од Западниот Балкан и Молдавија тоа треба да го знаат.

Макрон денеска повтори дека Европската политичка заедница, на која утре тој ќе се сретне со лидерите од 46 држави, за него не може да биде замена за проширувањето на ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави