Search

Македонската Армија се засилува и модернизира – Голем конвој со воени возила вечерва пристигна во Македонија

Попладнево можеа да се забележат камиони на граничниот премин Богородица со соседна Грција кои превезуваат ЈLTV оклопни возила од американско производство.

Лесно тактичко возило (JLTV) е дел програма на Армијата на САД, американскиот поморски корпус и командата за специјални операции.

Со овие најмодерни и најсофистицирани оклопни возила се менува ликот на Армијата, се засилува нејзината борбената готовност и се зацврстува безбедноста на Република Македонија и НАТО Алијансата.

Конвојот оклопни возила што ќе биде на располагање на АРМ е последната од низата придобовки од членството во НАТО.

Треба да знаете
Последни објави