Search

Град Скопје: Коалицијата СДС-ДПМНЕ со лажни вести за градот ја дефокусираат јавноста од Уставните измени

Двете најголеми политички партии во Македонија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Данела Арсовска гледаат заеднички непријател, а хаосот и циркузот кој го прават во Советот на Град Скопје го користат за да ја дефокусираат јавноста од промената на Уставот.

-Многу е тешко кога имате две најголеми политички партии во Македонија кои имаат само еден заеднички непријател сега, тие сакаат да прават хаос во Скопје за да ја дефокусираат јавноста од здружената промена на Уставот, тоа е нивно, а јас ќе ја реализирам мојата програма, изјави во денешното гостување на Топ Тема градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Но и покрај обидите за креирање хаос се реализираат проектите од програмата „За модерно Скопје”

-И без поддршка и со поддршка јас реализирам проекти, истакна градоначалничката.

Град Скопје е во градежна офанзива, изминатите година и половина се направени повеќе од 100 улици, а паралелно се работи во Скопје на 20 капитални проекти.

Треба да знаете
Последни објави