Еден загинат и повеќе повредени лица е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Ботун, на патот Охрид-Кичево.
Според полицијата во неа учествувале три возила.
Очевидцивелат дека комбе се судрило со автомобил марка „Фолсваген“.
Околу автомобилот се собрани повеќе луѓе, како и Брза помош, кои им укажуваат помош на патниците.
„Немаме информации за карактерот на повредите, увидот не е започнат. Првично е дека две-три возила се учесници во незгодата, како што ни е јавено од терен“, велат од СВР Охрид за „Макфакс“.
Двете возила се исфрлени од патот. Автомобилот е излетан на новиот дел од автопатот, додека другиот автомоби е исфрлен надвор од коловозот.
Повеќе информации од СВР Охрид најавуваат за подоцна.