Search

Јаремчук нема да игра против Македонија

Првиот напаѓач на Украина, фудбалерот на Клуб Бриж, Роман Јаремчук, ќе ги пропушти квалификациските натпревари против Македонија (16 јуни) и Малта (19 јуни).

Јаремчук има проблеми со повредите оваа сезона, а бидејќи не успеа да се рехабилитира од последната, нема да биде со репрезентацијата. На неговото место е повикан фудбалерот на Зорја Луганск, Назариј Русин.

Претстојните два квалификациски натпревари на Украина ќе ги пропушти и фудбалерот на Арсенал, Олександар Зинченко.

Покрај овие двајца, неизвесен е и настапот на левиот бек на Евертон, Виталиј Михоленко.

Украина подготовките за натпреварите со Македонија и Малта ќе ги запоне на 8 јуни во Бремен. Четири дена подоцна Украинците ќе одиграат контролен натпревар со Германија.

Треба да знаете
Последни објави