Search

Павар си оди од Минхен

Бенжамин Павар, во летниот преоден рок ќе го напушти Баерн. Германски „Скај спорт“, објави дека своите планови им ги соопштил на клупските челници.

Баерн Минхен се наоѓа во исклучително стресен период. Додека ја славеа титулата, до која дојдоа по вистинска драма, играчите дознаа дека клупските челници Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ добиле отказни решенија.

Во Германија се шпекулира дека и тренерот Томас Тухел ќе го напушти клубот.

Францускиот дефанзивец Бенжамин Павард нема да го продолжи договорот кој му истекува во 2024 година и покрај желбата на клубот по секоја цена да го задржи.

Павар ја освои Бундеслигата во сите четири сезони во Баерн, беше дел од тимот кој ја освои Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство. Тој забележа 111 настапи и постигна осум гола.

За фудбалерот кој може да игра како десен бек и десен стопер во формација со тројца во одбраната, интерес покажаа неколку богати европски клубови.

Баерн се уште не ја одредил сумата која заинтересираните ќе треба да ја издвојата доколку сакаат да го потпишат Павар.

Треба да знаете
Последни објави