Search

Затвореник од „Идризово“ учествувал во тешка сообраќајка, заврши во болница

Затвореник од „Идризово“ учествувал во тешка сообраќајна несреќа во Скопје, извести МВР.

Вчера во 18.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Лазар Трповски“ со ул.„Методија Митевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“, управувано од Б.М.(39) од Скопје и мотоцикл „априлиа“, управуван од Р.Ј.(28) од с.Арачиново, Скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

За време на увидот присуствувал и заменик заповедник од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, поради тоа што Р.Ј. бил лице на издржување казна затвор.

Треба да знаете
Последни објави