Search

Двајца осудени дилери на дрога избегале од „Идризово“, уапсени по еден час во автомобил во Центар

Денеска (30.05.2023) околу 15.45 часот на ул.”Орце Николов” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба ги лишиле од слобода Б.О.(56) од Гостивар и Е.М.(29) од с.Франгово, струшко.

Околу 14.30 часот тие избегале од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувале затворски казни. Б.О. бил осуден на казна од 11 години и 8 месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а има за доиздржување уште пет години, додека Е.М. бил осуден на казна затвор од девет години за сторени кривични дела по член 215 и член 396 од Кривичниот законик и има за доиздржување уште  четири години од казната.

Тие биле со патничко возило и кај нив биле пронајдени и одземени 120.000 денари. Лицата ќе бидат спроведени во казнено-поправната установа за доиздржување на казните.

Треба да знаете
Последни објави