Search

Скопјанец се обидел да внесе противправно набавени стари монети, полицијата го уапси

На Граничниот премин „Табановце“ утрово во 02:00 часот полицијата уапси 42-годишен скопјанец кој се обидел да внесе противправно набавени стари монети

-Денеска во 02.00 часот на Граничниот премин Табановце полициски службеници го лишиле од слобода Џ.С.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „внесување на противправно прибавени добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости ” по чл. 266-б од Кривичниот законик.
Имено, при извршена дополнителна контрола од страна на полициски службеници кај Џ.С., кој на граничниот премин пристигнал со патничко возило „волво” со скопски регистарски ознаки, негова сопственост, а управувано од Е.Е.(39) од Скопје, биле пронајдени стари монети во различна големина, соопштија од МВР.

Пронајдените предмети биле одземени и заедно со приведениот биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави