Search

Министерот за одбрана на Србија со најава дека целосно ќе распореди армиски формации долж границата со Косово

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ изјави дека српската армија до петок ќе остане на највисоко ниво на борбена готовност, а до 14 часот денеска армиските формации целосно ќе бидат распоредени долж границата со Косово.

Вучевиќ рече дека суштината е дека српската армија останува на највисоко ниво на борбена готовност, но дека очекува ова прашање да се реши политички, а не со војна.

Тој додаде дека началникот на Генералштабот на војската на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ е во постојани разговори со КФОР, чија задача е, како што рече Вучевиќ, да го обезбеди мирот и безбедноста на српскиот народ на Косово.

Пред општината Звечан на Косово, која ја чува кордон војници на КФОР, мирно протестираат српските граѓани на таа општина, јави известувачот на „Анадолија“.

Со граѓаните се и претседателот на Српската листа Горан Ракиќ, потпретседателот Игор Симиќ и други политички претставници на Србите на Косово. Меѓу граѓаните, според извештаите, се забележуваат и лица со маски на лицето.

Рано утринава дојде до кратки немири, кога граѓани со фрлање солзавец се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон. Косовската полиција потоа употреби спреј за да ги спречи демонстрантите да влезат во општинската зграда.

Граѓаните протестираат и пред општинските згради во Зубин Поток и Лепосавиќ.

Новите градоначалници на општините на северот на Косово: Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ во петокот со помош на специјалци од косовската полиција влегоа во општинските згради.

Треба да знаете
Последни објави