Search

ОКТА: Пожарот во маркетот во состав на бензинската во Гевгелија е веднаш изгаснат

Информација од ОКТА во врска со пожарот кој попладнево изби во објект во склоп на бензинска станица со брендот ОКТА во Гевгелија

Денеска (29.05.2023) околу 14 часот, од засега неутврдени причини кои во моментов се истражуваат, дошло до опожарување во просториите на маркетот во состав на бензинска станица ОКТА која е во сопственост на наш партнер, лоцирана во Гевгелија.

Со ефикасната интервенција на локалната противпожарна екипа, пожарот е веднаш изгаснат, со што е спречено негово проширување.

Додека се чека официјалниот извештај од надлежните органи, увидот на лице место укажува на тоа дека безбедноста на бензинската станица, на вработените во објектот и на потрошувачите, не е нарушена од овој инцидент. 

Треба да знаете
Последни објави