Search

Рој од пчели блокирале автомобил на паркинг

Несекојдневна сцена го привлекла вниманието на минувачите во Миријево кога на прописно паркиран автомобил „шкода“ забележале рој пчели !

Белиот автомобил од страната на сувозачот целосно е блокиран од пчели. Сопственикот незнаел како да реагира, бидејќи пола задно и цело странично стакло го имаат покрено пчелите.

Меѓу бројните коментари на социјалните мрежи, сопственикот добил и еден корисен совет како да се ослободи од пчелите без да има последици.

„Без нагли движења нека влезе во автомобилот и да ја пронајде матицата, безбедно да ја исфрли од кабината, но не смее да ја повреди, по што ројот од пчели ќе си замине и ќе го одблокираат автомобилот“.

Треба да знаете
Последни објави