Search

Новиот шампион Еурофарм Пелистер победнички ја заврши сезоната

Еурофарм Пелистер стави победнички печат на шампионската ракометна титула во Македонија освоена по 18 години пауза со триумф пред домашните навивачи против Тиквеш (35:26). Битолчани ја прекинаа доминиацијата на скопски Вардар. Влегоа во ритам по тренерската смена и доаѓањето на тандемот Јовиќ – Шундовски што беше крунисан со шампионска трофеј.

Пред денешниот последен натпревар навивачите во салата „Боро Чурлевски“ имаа прилика да ја поздрават и последната генерација со која клубот од Битола беше шампион на Македонија во сезоната 2004/2005. Пред почетокот на мечот за актуелниот состав на Е. Пелистер имаше и шампионски „шпалир“ од ГРК Тиквеш.

Денешниот натпревар во Битола немаше натпреварувачко значење за двата тима, па тоа беше причина да се игра релаксирано, со постигнување на лесни голови на двете страни. Тиквеш дури имаше и два гола предност по десетина минути игра, за по неколку пресврти кавадарчани сепак да заминат на одмор со предност од еден гол (16:17). Второто полувреме донесе нешто поангажирана игра во одбрана на битолчани, бековската линија на Тиквеш беше неутрализирана, што донесе и резултатски пресврт и заслужена победа на новиот шампион на Македонија, изразена со конечните 35:26.

Костески со седум гола беше најефикасен во победничкиот тим, шест постигна Петар Атанасијевиќ, а пет Хосни, додека Петровиќ со шест погодоци беше најефикасен во таборот на Тиквеш.

Треба да знаете
Последни објави