Search

Интер си ја зврши калчолигашката задача, обезбеди настап во ЛШ, па сега може целосно да се посвети на финалето за евро-титула 

Интер си ја заврши домашната задача. Во калчолигашката конкуренција ја победи Аталанта со 3:1 на „Џузепе Меаца“ и си го обезбеди настапот за идната сезона во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите. Покрај шампионот Наполи и Лацио, тимот на Интер е третиот од Серија А кој извади билет за во ЛШ, на едно коло пред крајот на сезоната во Серија А. „Нераѕурите“ сега може целосно да се посветата на финалниот меч во ЛШ, каде на 10 јуни во Истанбул го оечкува дуел за европска титула против англискиот Манчестер сити.

За 22-та победа сезонава по која Интер дојде на 69 бода против директниот конкурент и со тоа отиде на недостижни плус осум од Аталанта, на „нераѕурите“ им требаа 180 секунди од воведот во мечот кога Ромелу Лукаку во првата, па Николо Барела во третата дадоа голови за голема предност од 2-0.

Марио Пашалиќ во 36-та намали, но Лаутаро Мартинез за да нема дилеми стави печат со трет гол за Интер на 13 минути пред крајот и со тоа го обезбеди новото учлество во следната сезона во мултимилионското друштво. Во судиското надополнување, Луис Муриел даде втор гол за Аталанта, но предоцна за бергамашите да се изборат барем да останат непоразени

Аталанта со поразот остана на 61 бод, на петтото место, три зад Милан кој утре игра дерби со Јувентус, но без шанси за пласман во ЛШ поради послабиот меѓусебен скор со „росонерите“. Милан е на чекор до заверка на пласманот ако утре не загуби против „старата дама“, иако прашање е дали Јувентус воопшто ќе игра во Европа зашто во најава е суспензија од УЕФА врз база на казната со одземените десет бода од италијанската федерација за малверзации со трансфери и фиктивен буџет.

Треба да знаете
Последни објави