Search

Жител на Лабуништа со „мерцедес“ прегазил сопружници во Струга

На 26.05.2023 во 11.40 часот било пријавено дека во Струга на ул.”Партизанска” патничко моторно возило “мерцедес” со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Б.Б.(55) од с.Лабуништа-струшко удрило во М.Ч.(54) и С.З.Ч.(53) двајцата од Струга.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ч., а со телесни повреди се здобила С.З.Ч., констатирани во Медицинскиот центар Струга.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.   

Треба да знаете
Последни објави