Search

Битиќи: Старата скопска чаршијa e најдобрата одлика на нашите културни различности

Старата скопска чаршијa e најдобрата одлика на нашите културни различности, место каде се спојуваат традициите кои инспирираат, но она што навистина ја издвојува Старата скопска чаршија е топлината и гостопримството на луѓето во неа напиша Битиќи.

Денес со новиот предсетател на здружението на занаетчии „Еснаф“, Бујар Дулови прошетавме по чаршијата, сретавме искрени насмевки и пријателски лица, се радувам кога го гледам чувството на единство во прифаќањето на различностите.

Чаршијата е наша цивилизациска вредност и одраз на нашиот мултикултурализам, затоа на членовите на новото раководство на Еснаф им порачав дека ќе ја имаат мојата безрезервна подршка за потребите на занаетчиите и на Чаршијата.

Треба да знаете
Последни објави