Search

Тројца загинати во превртениот чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Миконос

 Безживотните тела на три лица се извлечени во спасувачката акција во морскиот дел североисточно од грчкиот остров Миконос, откако се превртил чамец со мигранти, додека пак спасени се двајца, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека во морскиот дел биле откриени телата на две жени и еден маж, а спасувачката акција продолжува.

Портпаролот на грчката крајбрежна служба Никос Кокалос, како што претходно објави МИА, за државната телевизија ЕРТ рече дека од 6.30 часот утрово во тек е спасувачка акција во морскиот дел во близина на Миконос, а се интервенира од воздух, копно и вода, за евентуално пронаоѓање на исчезнатите.

Двајцата спасени изјавиле дека со нив се пренесувале уште шест лица.

Треба да знаете
Последни објави