Search

Нова победа за Селтикс-Бостон не се предава, ќе направи ли чудо?

Беше на работ на бездната, но клубот од Масачусетс уште еднаш го покажа генот на великаните – продолжуваат финалето на Истокот на НБА лигата, по 0:3 во серија, Бостон стигна до 2:3 против Мајами.

Момците на Џо Мазула го добија петтиот меч од финалето со 110:97.

Келтите до победата ги предводеа Дерик Вајт со 24 поени (постигна шест тројки од осум обиди) и Маркус Смарт со 23 поени и пет украдени топки. За втората последователна победа придонесе Џејсон Тејтум со 21 поен, 11 скока и пет асистенции, а Џејлен Браун исто така со 21 поен.
Во тимот од Флорида најефикасен беше Данкан Робинсон со 18 поени со девет асистенции и четири скока. Бем Адебајо постигна 16 поени и осум скока, а Хејвуд Хајсмит 15 поени. Џими Батлер додаде 14 поени, пет скока и пет асистенции, а Кејлеб Мартин 14 поени.

Бостон водеше во текот на целиот натпревар, а до полувремето имаше предност од 61:44. Селтикси беа прецизни во шутот за три поени и ги искористија грешките на противникот, Мајами имаше 16 загубени топки.

Мајами сега води со 3:2 во серијата, а му треба уште една победа за да се пласира во големото финале на лигата против Денвер.

„Ќе останеме позитивни, знаејќи дека можеме и сакаме да победиме во оваа серија. Само треба да ја затвориме дома“, рече Батлер.

Шестиот натпревар ќе се игра ноќта меѓу сабота и недела, а домаќин ќе биде Мајами.

Тимот кој загуби со 0:3 во плеј-офот никогаш во историјата на лигата не успеал да ја сврти серијата и да продолжи понатаму – дали Бостон може да направи чудо?

Треба да знаете
Последни објави