Search

Зеленските: Русите погодија болница во Днепар, има жртви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека едно лице загинало, а 15 се повредени во рускиот напад утринава врз болница во градот Днепар.

„Руските терористи уште еднаш го потврдуваат статусот на борци против се’ што е хумано и чесно. Ракетен напад на клиника во градот Днепар. Досега едно лице загина, а 15 се ранети. Последиците од гранатирањето се елиминирани, а жртвите се спасени. Вклучени се сите потребни услуги. Моето сочувство до семејството на починатиот. Мораме неповратно и што поскоро да ги победиме овие нелуѓе. Затоа што нашето време е нашиот народ. А нашиот народ е најскапоцениот“, рече Зеленски.

Днепар исто така беше изложен на напади во текот на ноќта. Во текот на ноќта, украинските сили тврдеа дека собориле десет проектили и 25 беспилотни летала испратени на нивна територија од Русија.

На социјалните мрежи кружат непроверени снимки од местото на болницата на кои се гледаат повредени лица меѓу урнатините.

Претходно во текот на ноќта Русија го нападна и Киев, но нема жртви.

Треба да знаете
Последни објави