Search

Драма на небото над Јужна Кореја: Се отвори врата од авион, патниците во паника

Авион на „Азијана ерлајнс“ безбедно слета денес на аеродромот во јужнокорејскиот град Даегу,  по инцидент кога вратата се отворила во воздух за време на летот, изјави портпаролот на компанијата, додавајќи дека девет лица се пренесени во болница.

Авионот слетал на аеродромот околу 12:40 часот по локално време, а полетал од островот Џеџу еден час порано, според податоците на летот, објави Ројтерс.

Во инцидентот нема повредени, но некои патници се пренесени во болница бидејќи поради шокот имале проблеми со дишењето, додаде портпаролот на „Азијан ерлајнс“.

Портпаролот рече дека властите истражуваат како се случил инцидентот.

„Полицијата ги истражува околностите на инцидентот, откако патникот, кој седел покрај излезот за итни случаи, ја допрел рачката на вратата“, рече службеникот.

Треба да знаете
Последни објави