Search

Додик од Белград: Да живее Србија, да живее Русија

Да живее Србија, да живее Република Српска, да живее Русија, порача вечерва од Белград лидерот на босанските Срби, Милорад Додик.

-Србија не е слаба, а вечерашниот собир покажува дека не сме слаби. Нашата тага е начин да бидеме уште посилни. Дојдов овде да поддржам силна, силна и стабилна Србија во име на Република Српска. Србија на чело со Александар Вучиќ – рече тој.
Додик изјави дека Србија треба и мора да се почитува, а Република Српска гледа кон Србија. 

-Ние сме еден народ, Срби, и да им покажеме на сите дека нема Босанци и Срби, само Срби. Сакаме да живееме во мир – посочи Додик.

Додик рече дека се посветени на Србија на чело со Александар Вучиќ, кој се обрати пред него.

Треба да знаете
Последни објави