Search

Вучиќ потпиша наредба за подигање на највисоко ниво на борбена готовност во армијата на Србија

Српскиот претседател и врховен командант на вооружените сили Александар Вучиќ потпиша наредба за подигање на борбената готовност на единиците на српските вооружени сили на највисоко ниво.

Тој наредил итно движење во правец на административната линија со Косово и Метохија, дознава „Новости“.

Како што пренесува овој медиум, Вучиќ на овој потег се одлучил поради, како што рече, насилството што специјалната полиција на косовскиот премиер Албин Курти го спроведува врз српскиот народ во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. Тој, исто така, побара од НАТО итно да престане со насилството врз Србите. Припадниците на косовската полиција попладнево ги опколија зградите на општините во Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, по што се вклучија сирените што жителите од тие области ги активираат за да алармираат на опасност.

Сирените за тревога се огласија и во Северна Митровица, а во Лепосавиќ нема сигнал за мобилен телефон, јавува „Косово онлајн“.

Косовската полиција фрли солзавец пред зградата на општина Звечан за да ги растера насобраните Срби. Некои медиуми јавуваат дека во Звечан одекнале три детонации. Се претпоставува дека се работи за шок бомби.

Треба да знаете
Последни објави