Search

Видео: Во Ѓорче Петров никнува нова депонија што ја создава самата општина

Видео објавено на порталот Градска.мк покажува како во населеното место Орман, во скопската населба Ѓорче Петров никнува нова депонија.

Ѓубрето што се собира а потоа и исфрла на дивата депонија се превезува со ни помалку, ни повеќе, камион што е во сопственост на општината, што можеби е единствен пример каде самата општина наместо да расчистува, таа создава диви депонии.

Иако чистење на сите диви депонии беа врвен приоритет во програмата на сегашните градоначалници на Скопје, Данела Арсовска и на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, во реалноста граѓаните гледаат спротивно дејствување, односно наместо чистење, никнување на нови депонии.

Мега паркот што требаше да биде изграден на депонијата во Ново Село се уште е далеку од пуштање во употреба, а граѓаните на Ѓорче Петров секојдневно објавуваат фотографии каде улиците и јавните површини во оваа општина се преплавени со ѓубре, шут и кабаст отпад.

Треба да знаете
Последни објави