Search

Бајден ја објави номинацијата на генералот Чарлс Браун за началник на американскиот Здружен Генералштаб

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа ја објави номинацијата на првиот човек на американските воено-воздухопловни сили, генералот Чарлс Браун за нов претседател на Здружениот Генералштаб, јавија британските меидуми.

-Генералот Браун изгради репутација на непоколеблив и високо ефективен лидер, човек со тимска работа и доверба, кој одлично ги извршува поставените задачи, рече Бајден при објавувањето на номинацијата.

Информациите за номинацијата на Бајден првично беа лиферувани во средата. 

Доколку биде потврден од американскиот Сенат, Браун ќе го наследи актуелниот претседател на Здружениот Генералштаб Марк Мили и ќе стане вториот црнец на оваа функција по Колин Пауел (кој беше претседател на Здружениот Генералштаб од 1989 до 1993 година. ).

Бајден го повика Сенатот да ја одобри номинацијата на Браун. Британските медиуми додаваат дека засега, меѓутоа, временскиот распоред за процесот на одобрување на кандидатурата на Браун не е сосема јасен.

Треба да знаете
Последни објави