Search

Њукасл ќе потроши 450 милиони евра за да направи тим кој ќе ја прекине доминацијата на Сити!

Англискиот фудбалски премиерлигаш Њукасл по две децениска пауза повторно ќе игра во Лигата на шампионите, што е мотив плус за новите пребогати газди од Саудиска Арабија да вложат нови пари за да направат посилен тим. Се најавува дека летово Њукасл ќе потроши 450 милиони евра за нови засилувања.

Покрај натапите во ЛШ „црно-белите“ сакаат во новата сезона да атакуваат и на шампионската титула, односно да ја прекинат доминацијата на Манчестер сити, за што ќе им треба нов тим од 11 ѕвезди. Прв на листата желби на менаџерот Еди Хау е капитенот на Тотенхем, Хари Кејн, за кого се заинтересирани и многу други екипи, пред се Манчестер јунајтед. За него се планирани скоро 100 милиони евра, нешто помалку се подготвени да платат за потписот на Нејмар, кој исто така летово ќе си замине од ПСЖ.

Најскапата петорка на трансфер-целите на Њукасл ја комплетираат Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Жоао Феликс и Џејмс Медисон, кои заедно вредат околу 140 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави