Search

Ц.звезда е старо-нов победник и во Купот на Србија

Црвена звзда е старо нов победник и во фудбалскиот Куп на Србија откако со два гола во второто полувреме на Александар Пешиќ, направи резултаски пресврт за триумф против Чукарички (2:1). Чукарички поведе со маестрален погодок на Доциќ директно од корнер во 21. минута.

Аутсајдерот во овој меч долго време водеше, Црвена звезда конечно успеа да изедначи во 61. минута со гол на Пешиќ. Истиот фудбалер 15 минути подоцна постигна уште еден гол за комплетен пресврт и победа на Црвена звезда од 2:1.

Ова е трета во низа двојна круна за Црвена звезда.

Треба да знаете
Последни објави