Search

Од поројниот дожд во Гостивар се поплавени улици, куќи и подрумски простории

Центарот за управување со кризи информира дека како резултат на поројниот дожд кој попладнево го зафати подрачјето на општина Гостивар на единствениот број за итни повици Е-112 добиени се неколку пријави за поплави.

Поплавена е улица „Бањешница“, од канал за наводнување – поплавени неколку куќи во Беловиште и патот во селото – во населбата Циглана, опасност од поплавување на куќи – на улица Беличица, поплавена е куќа со помошни објекти, а на улица „Трајко Јовановски“ број 18, поплавени се подрумски простории од куќа.

Гостивар попладенво го зафати пороен дожд, проследен со електрични празнења и град со големина на лешник. Ваквото невреме траеше повеќе од 40 минути и предизвика главоболки за граѓаните на Гостивар и околината..

Треба да знаете
Последни објави