Search

Каламата за искажаните обвинувања од Ѓорѓиоски правда ќе бара на суд !

Откако македонскиот фудбаски стартег Илчо Ѓорѓиоски упати критики на адреса од раководството на Каламата, експресно следуваше одговор од грчкиот фудбалски второлигаш, кој се закани дека правдата ќе ја бара на суд за искажаните невистинити обвинувања од страна на тренерот.

Од таботорот на Каламата прашуваат зошто Ѓорѓиоски прифатил да работи во тимот, откако првично бил запознат со условите, а по неговата смена се пожали на теренот каде што тренира екипата и дека му било сугерирано кој да игра, а кој не.

-Карактерот и однесувањето на г-динот Ѓорѓиоски и додека беше на клупата на нашиот тим, не убеди дека тој не е вистинскиот човек а оваа позиција. Уште еднаш сам ги собра новинарите за да искаже работи кои не доликуваат. Како прво тој пред околу месец и пол ја прекина секоја комуникација со претседателот и не го информирал за случувањата во екипата и дали има некои проблеми. Кажа дека не му се допаѓале условите, тогаш зошто ја презеде екипата откако беше запознаен со сите услови? Промената на неговиот договор е направена поради тоа што во оригиналот имаше УЕФА про лиценца со име Македонија, и грчкиот фудбалски сојуз не му ја признаваше. Самиот побара смена на тренерот на голманите, и го прифативме неговото барање. Кога беше ангажиран, преодниот рок беше завршен. Никој нема влијание во клубот, било да е новинар или навивач. Најсмешно е тоа што вели дека играчите немаат победнички менталитет. Ни вели дека го загубил мечот со Калитеа, а поразите од Кифисија и Егалео треба да ги бараме на друго место, ама не кажа каде. Ќе мора да објасни пред надлежните органи. Каламата е семејство и има единствно меѓу претседателот и акционерите и сите работиме да го вратиме клубот каде му е местото. Во Супер-лигата со Мурињо или без него… се вели меѓу другото во соопштението на клубот.

Треба да знаете
Последни објави