Search

ЕГЗИТ и Кока-Кола го носат најдоброто светско фестивалско ВР искуство во Скопје и Струмица

Откако фестивалот ЕГЗИТ минатата година премиерно го претстави ексклузивниот ВР проект на Светската изложба „Експо Дубаи“, ЕГЗИТ и Кока-Кола во периодот од 27 мај до 18 јуни ќе покренат низа настани насловени „EXITVERSE @ Coke Studio“, во шест градови во Србија и два града во Македонија. Најдоброто светско фестивалско ВР искуство на посетителите ќе им даде прилика виртуелно да го искусат ЕГЗИТ фестивалот од места кои никому не му се достапни – точно до Давид Гета на Главната бина или покрај Соломун и Пол Калкбренер на „Денс Арена“! Посебно за оваа прилика ќе биде креиран и специјален пакет на брендирани производи од кои по еден во секој од градовите ќе  содржи две ВИП влезници за ЕГЗИТ, додека сите собрани средства преку ЕГЗИТ фондацијата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

EXITVERSE @ Coke Studio (ЕГЗИТВЕРЗ ет Коук Студио) претставува своевидна турнеја чија цел е ширење на енергијата и духот на ЕГЗИТ Фестивалот, како и поврзување на локалните заедници со регионалната музичка сцена, со што посетителите ќе имаат прилика да уживаат во електронската музика и да го доживеат единственото ЕГЗИТ искуство во своите градови.

Ексклузивниот Егзитов ВР проект првобитно беше претставен на Светската изложба „Експо 2020 Дубаи“ и од тогаш ВР зоната е составен дел на сите Егзитови фестивали и настани. Овој импресивен аудио-визуелен проект го сочинуваат познатите фестивалски локации снимени со 8К 360 ВР камера, а некои од нив се целосно недостапни за посетителите. Прилика да го искусат најдоброто светско фестивалско ВР искуство имаа и посетителите на ЕГЗИТ и „Си Денс“ фестивалите, во специјалните ВР зони во рамки на фестивалот, како и на „Тумороу““ конференцијата. 

Во рамки на оваа турнеја посетителите ги очекува и богата музичка програма, која во различни градови ќе ја предводат диџеите Марко Настиќ, Андреј Мицајков, Чваре, Васо, „Соул кејс“, „Лутон & Шќепине враголије“, „Рескобар“, „Рани“, „зарЕз“, „Шумадиско“, а меѓу градовите во кои ќе се реализираат овие настани се два града во Македонија – Струмица и Скопје, како и Крагуевац, Ниш, Суботица, Панчево, Белград и Нови Сад во Србија.

EXITVERSE @ Coke Studio турнејата стартува во сабота, 27 мај во Крагуевац, а веќе ден подоцна се сели во Ниш. Викендот потоа пристигнува и во Македонија, каде што 3 јуни е резервиран за Струмица, а 4 јуни за Скопје. Турнејата продолжува во Нови Сад на 10 јуни, во Суботица на 11 јуни, и во Панчево на 17 јуни, додека завршната станица ќе биде во Белград, во недела, 18 јуни.

Coke Studio е единствена музичка платформа која поврзува различни таленти од целиот свет за да прикаже иновативни и креативни соработки во индустријата. Платформата ги обединува уметниците од различни жанрови, потекла и стилови за да создаде моќни музички искуства, да ја промовира културата и заедништвото. Низ своите многубројни сезони, „Coke Studio стана познат по создавањето автентични поврзувања и извонредни настапи.

На ЕГЗИТ фестивалот од 6 до 9 јули на Петроварадинската тврдина ќе настапат предводниците на најбараната турнеја на светот „Д Продиџи“, рап боговите „Ву-Танг Клан“, „Греми“ рекордерот Скрилекс, „Чејс & Статус“, Рико Насти, како и Ерик Приц, Нина Кравиц, Амели Ленс, Индира Паганото, Алесо, „Вајагра Бојс“, Димитри Вегас & Лајк Мајк, Клептоун, „Каинемузик“, „Хот Синс 82“, „КамелФат“, Бен Бомер лајв, „Агентс оф Тајм“ лајв, „Мајн Агенст“, „Софи Такер’, „Ел-Еф Систем“, Махмут Орхан, Бурак Јетер и многу други.

Треба да знаете
Последни објави