Search

Суровиот живот на Тина Тарнер: Пред четири години и загина едниот син, пред шест месеци ѝ почина и другото дете

Пејачката Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст, потврди нејзиниот портпарол.

Тина Тарнер е родена на 26 ноември 1939 година во Натбуш, Тенеси. Нејзината мајка работела во фабрика, а нејзиниот татко бил баптистички министер. По разводот на нејзините родители, се преселила во Св. Луис каде што посетувала летна гимназија. Во познатиот клуб Империал го запознала ар-ен-би музичарот Ајк Тарнер, по што изразила желба да пее со него.

Со него била во брак од 1962 до 1978 година.  Со нивниот прв хит River Deep, Mountain High  започнал и кошмарот. Ајк почал секојдневно да ја малтретира каде нивните караници завршувале со крв и модринки.

Сепак, бракот траел до средината на 70-тите, кога почнал да се распаѓа поради зависноста од дрога и лошата психичка состојба на Ајк. По разводот во 1974 година, Тина го издаде својот прв независен албум, по што започна нејзината независна кариера.

Враќањето на сцената го сними во 1983 година со кавер на песната Lets Stay Together, која стана хит низ цела Европа, а се што следеше потоа е само историја.

Пред само шест месеци во својот дом во Лос Анџелес беше пронајден мртов нејзиниот 62-годишен син Рони Тарнер, додека пред четири години, почина и најстариот син на легендарната пејачка која го доби од врската со саксафонистот Рејмонд Хил.

Љубовта на својот живот ја запознава во 1985 година на забава на една издавачка куќа го запознала својот иден сопруг, продуцент на германската музика, шеснаесет години помладиот Ервин Бах.

Треба да знаете
Последни објави