Search

Почина легендарната „Кралицата на рокенролот“ – Тина Тарнер

Легендарната пејачка Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст, објави Sky News. Таа замина во вечноста по долго боледување.

Во соопштението се вели: „Тина Тарнер – Кралицата на рокенролот, почина денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија. Со неа светот губи музичка легенда и модел за улоги“.

Нејзиниот портпарол појасни дека „ќе има приватен погреб на кој ќе присуствуваат нејзините блиски пријатели и семејството“. „Ве молиме почитувајте ја приватноста во овој тежок момент за нејзиното семејство“, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави