Search

Миовски изнесен на носилки од теренот

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски се здоби со посериозна повреда и беше изнесен на носилки од теренот на натпреварот меѓу неговиот тим Абердин и Сент Мирен од шкотското првенство. По еден груб старт на играч Тиери Смол македонскиот репрезентативец Миоски побарал медицинска помош.

По ова, Бојан Миовски на носилки е изнесен на теренот во 34.минута од мечот, а допрва ќе се утврдува нивото на повредата.

Ова може да биде сериозен проблем и за селекторот Благоја Милевски во пресрет на квалификациски натпревари на македонската репрезентација против Украина и против Англија во средината на јуни.

Треба да знаете
Последни објави