Search

Јавна панел дискусија за независната музичка сцена во Битола

Битола со право може да се нарече „ македонски Ливерпул”. Најдобрите бендови, композитори, изведувачи итн.кои се дел од македонската музичка историја и сегашност се од Битола. Но, за цело време, се провлекуваат истите проблеми, недоречености, иницијативите се раѓаат и гаснат, луѓето се повлекуваат, бендови стигнуваат до некаде и стагнираат…Куп проблеми, разочараност и чекаме „некој друг да ни ги реши проблемите”…Ајде да прајме муабет за тоа, да се „испукаме” и „исплукаме”, па да видиме „Шо напрајме и шо треба да напрајме”, за да работите се променат на поарно. Затоа ја иницираме првата јавна панел дискусија за состојбите со независната музичка сцена во Битола, да покажеме дека има критична маса која сака промени!

КИНО МАНАКИ-КИЦ Битола, 31.05.23, 18.30

Настанот е поддржан од европската фестивалска мрежа MOST и Creative Europe.

Треба да знаете
Последни објави