Уапсен напаѓачот кој повреди две лица во Врачар

Припадниците на УКП и ПС Врачар го идентификуваа и приведоа напаѓачот кој е осомничен дека во понеделникот околу 19:40 часот на улицата Максим Горки во Белград пукал од пиштол и ранил две лица.

По наредба на заменик виш јавен обвинител му е одредена мерка притвор до 48 часа.

Во престрелката е ранет млад човек (26), кој веќе и бил познат на полицијата поради бројни криминални дејствија и млад човек (21), државјанин на Македонија.

Напаѓачот излегол од парк и притрчал кон младиот човек, а од пиштолот испукал неколку куршуми. Познато е дека тој се здобил со прострелни рани во нозете, додека македонскиот државјанин се здобил со повреди во грбот.

Треба да знаете
Последни објави