Search

Меџити: Конгресот нѐ избра, конгресот треба да нѐ разреши

Пратеникот од ДУИ Изет Меџити вечерва изјави дека тој е потпретседател и член на партијата, и така ќе биде и понатаму.

Во емисијата Клик Плус на ТВ 21 Меџити рече дека тој и петмината негови партиски колеги од т.н „огнена група“ не се „самоисклучиле” и остануваат дел од ДУИ. Доколку конгресот одлучи да ги разреши, додаде тој, тогаш е сосема поинаку, затоа што конгресот ги избрал, а не неколку ченови на ДУИ.

Меџити упати критики кон раководството на ДУИ посочувајќи дека во партијата има целосна анархија и не се знае кој ги носи одлуките, не се консултира членството и не се дебатира за важни теми, а се закажуваат и тајни состаноци.

Централното претседателство на (ДУИ) во саботата заседаваше за да ги анализира и дискутира околностите и случувањата во земјата и во партијата.
Централното претседателство при тоа забележува и изразува длабоко жалење за одлуката на пет членови на Претседателството да се самоповлечат од Централното претседателство на Демократската унија за интеграција, одлука која ја донесоа на состанокот на ЦО одржана на 1 април 2023 година.

Од фракцијата реагираа деа со длабока огорченост и разочараност од медиумите дознале за состанокот и одлуките донесени на тајната средба на Претседателството на ДУИ, чиј епилог беше манипулација со јавноста.

-Не се ‘самоисклучивме’, туку го напуштивме состанокот (на 1 април) во знак на протест како резултат на непочитувањето и манипулацијата со партискиот статут.Не бевме поканети на состанокот како членови на Претседателството, што претставува повреда на статутот и законските обврски на органите на партијата. Ваквото раководење со партиското тело е самоволно и недемократско, рекоа Огнените.

Треба да знаете
Последни објави