Search

Инзаги: Сигурно останувам во Интер

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги зборуваше за својата иднина во клубот од Милано.

– Останувам 100 проценти. Никогаш не се чувствував загрозен на тренерското место, имам договор, го цитира Инзаги новинарот Алфредо Педула.

Четириесет и седумгодишниот Инзаги стана тренер на Интер во 2021 година. Актуелниот договор на италијанскиот фудбалски стручњак истекува на крајот од сезоната 2023/24.

Под водство на Инзаги, Интер ги освои Купот и Суперкупот на Италија, а ќе игра финале во Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави