Search

Застрелан скопјанец, во болница лажел дека паднал во двор на метален предмет

На 22.05.2023 во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, при хируршка интервенција бил изваден проектил од огнено оружје од пациентот Д.П.(21) од с.Бразда, скопско.

Имено, на 18.05.2023 тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, при што изјавил дека паднал во дворот, и, како што рекол, се повредил од метален предмет.

Се преземат мерки за расчистување на случајот.   

Треба да знаете
Последни објави