Search

Додик на средба со Путин: Русија беше принудена во врска со оваа воена операција

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска на средба со претседателот на Русија Владимир Путин во Москва изјави дека на РС и е потребна соработка со Русија на економски план.

Тој, исто така, изјави дека РС останува истрајна на својот став дека „не следи политика насочена кон префрлање на вината само на едната страна во конфликтот во Украина“, пренесува РТРС.

„Сметаме дека Руската Федерација, која упорно се бореше за својата безбедносна рамка  едноставно беше принудена во врска со оваа воена операција“, рече Додик.

Путин му рекол на Додик дека и е благодарен на Република Српска за нејзиниот пријателски однос кон Русија.

Треба да знаете
Последни објави