Search

Гол на Роналдо за победа во дербито со Ал Шабаб-Ал Наср остана во трката за титулата

Екипата на Ал Наср го доби дербито против Ал Шабаб победувајќи со 3:2, во меч од 28. коло на првенството на Саудиска Арабија. Со овој триумф Ал Наср остана во трката за титулата, затоа што сега има 63 бодови, само три помалку од лидерот Ал-Итихад кој вечерва минимално дома славеше над „фенерџијата“ Ал Батин. До крајот на првенството остануваат уште две кола.

Триумфот на Ал Наср во дербито е посебно значаен затоа што беше направен со пресврт. Ал Шабаб водеше со 2:0 по 40 минути игра, а домаќините со голот на Талиска намали на 1:2 по 45 минути игра.

Во вториот дел Бареб израмни на 2:2 во 51 минута, а пресвртот го комплетираше Кристијано Роналдо. Првата ѕвезда во овој шампионат, постигна одличен гол во 59 минута за 3:2 за Ал Наср, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Голот на Роналдо може да го видите ТУКА.

Треба да знаете
Последни објави