Search

Битиќи: Имаме сигурни 80 гласа за промена на Уставот

Од СДСМ тврдат дека обезбедиле 2/3 од гласовите во Парламентот за промена на Уставот. Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, за емисијата 200 на Алсат која се емитува вечерва од 22.20 часот изјави дека  не само гласовите до албанските партии, туку сигурни се и гласови од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа, според него, ќе се покаже наскоро штом во Собранието стасаат уставните амандмани.

„Велиме дека имаме 2/3 и тоа многу брзо ќе се дознае штом работната група за уставни измени ќе го донесе предлогот за уставни измени до Владата. Ние како Влада потоа ќе го испратиме во Парламентот за да ги почне уставните измени и убедени сме дека имаме 2/3, односно 80 пратеници…“, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи, во Програмата 200 на Алсат.

„Дали сте убедени дека ги имате и гласовите на ВМРО?“

„На сите различни актери, бидејќи мислам дека времето на дневно-политички калкулации полека се намалува, дури и оние од другата страна гледаат дека нема друга опција за Република Македонија“, додаде Битиќи.

Треба да знаете
Последни објави