Search

Рамо до рамо со граѓаните на Центар, Ресен и Демир Хисар: СДСМ се грижи за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ги задолжува општините и Град Скопје

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа” денеска членот на Градската организација – Скопје на СДСМ Коста Начевски и Маја Манолева беа со граѓаните на општина Центар.

– Заради неспособност, неодговорност и расипништво на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, Скопје денес е со блокирана сметка и му се заканува банкрот и распад на целиот систем. Се потрошија стотици милиони евра пари на граѓаните нема реализирано ниту еден голем проект, јавните претпријатија едвај функционираат а Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираат сите проблеми, истакна Начевски.

Во општина Ресен беа Каја Шукова и Наумче Мојсоски кои пред присутните посочија дека со успешните политики на СДСМ рекордно се зголеми домашното производство на електрична енергија, а инвестициите во обновливи извори на електрична енергија освен што ја зајакнуваат енергетската независност позитивно влијаат и врз заштита на животната средина.

Во Демир Хисар беа Хари Локвенец и Борче Петковски каде истакнаа дека со изградба на коридорите 8 и 10 Д се реализира еден стратешки проект на кој се чекаше со децении, проект вреден 1,3 милијарди евра од кои најмалку 600 милиони евра ќе завршат во домашни градежни компании.

Треба да знаете
Последни објави