Search

Кармело Ентони стави крај на кошаркарската кариера

По 19 години минати во најсилната кошаркарската лига во светот, Кармело Ентони (38) објави денеска преку социјалните мрежи дека става точка на својата импозантна кариера како играч.

„Дојде време за збогување“, објави Ентони, кој дебитираше во НБА лигата во 2003 година и во следните две децении настапуваше за Денвер, Њујорк, Оклахома, Хјустон, Портланд и ЛА Лејкерс.

„Се сеќавам на денот кога немав ништо, само топка на теренот и сон за нешто повеќе. Кошарката беше мојот издувен вентил. Мојот излез. Мојата желба за успех секогаш беше силна. Засекогаш сум им благодарен на клубовите и градовите во кои играв“, порача Ентони.

Сопственик на три златни олимписки медали со американската репрезентација (2008, 2012, 2016), Ентони дури десет пати беше учесник на Ол стар натпреварите, а во кариерата постигна вкупно 28.289 кошеви, со просек од 22.5 поени по натпревар. 

Треба да знаете
Последни објави